СОВЕТИ

 

Секојдневно добиваме информации за експрес диети, производи за слабеење и разни нутритивни совети, така што е многу тешко да се процени што треба да се направи за да се постигне толку многу посакуваната идеална тежина.

 

Како да започнете?

 

Пред самиот почеток на диетата, потребно е да се утврди целната тежината, како и да се одреди идеалната телесна маса.

Тоа може да го направите тука

Не заборавајте!

Пред да се почне со диетата, добро е да се измери обемот на половината, кој ќе послужи како индикатор во оценувањето на напредокот.

 

Како изгледа идеалнa редукциона диета?

 

ЕНЕРГЕТСКА ВРЕДНОСТ

Енергетските потреби на секој организам се различни. Тие зависат од полот, возраста, физичката активност, моменталната телесна маса и сл. Намалувањето на калориската вредност на исхраната е во зависност од овие параметри, како и од посакуваната телесна маса.

 

БРОЈ НА ОБРОЦИ

Планот на исхрана се состои од три големи и два помали оброци, кои не треба да се прескокнуваат, а се во согласност со дневните активности и се конзумираат во одредено време. Оптимално време меѓу оброците е 3-4 часа, така што сите дневни оброци рамномерно се распоредени во текот на денот. Појадокот е најважниот оброк по ноќниот одмор.

 

ИЗБОР И ПОДГОТОВКА НА ХРАНА

Редукционите диети содржат храна со помалку маснотии од сите групи на храна - овошје, зеленчук, житарици, како и месо, млеко и млечни производи. Количините на храна се точно определени.

Мастите содржат два пати повеќе енергија во споредба со протеините и јаглехидратите, но значително намален треба да биде внесот на заситените масти. Треба да се избегнува храна со висок процент на масти (масло, путер, маргарин, мајонез, месни производи, масно месо итн), но и да се избегнуваат начините на подготовка на храната, каде внесот на масти е висок (пржена храна).

Предност имаат мононезаситените масти, присутни во маслиновото масло, маслото од ленено семе, сончогледовото, пченкарното и сл., како и во јаткастите плодови (бадеми, ореви, лешници...). Овие масти придонесуваат за внес на витамините А, Д, Е и К, како и за есенцијалните масни киселини.

Храната во програмата за намалување на телесна маса се подготвува со варење, на пареа, со печење, на скара, или во садови каде додавањето на масти е минимално.

Неопходно е да се зголеми внесот на овошје и зеленчук, така што секојдневно треба да  се консумираат најмалку 3 парчиња овошје и 2 порции зеленчук.

Вкупниот внес на јаглени хидрати треба да биде околу 55% - ова вклучува житарки и житни производи, мешунки, овошје и зеленчук (и додаден шеќер, што треба да биде минимално).

Внесувањето на протеини е многу важно во намалувањето на телесната тежина, бидејќи така се превенира деградацијата на мускулната маса.

 

ВНЕС НА ТЕЧНОСТИ

Возрасните треба да внесуваат најмалку 1,5 литри течност на ден, а при физичка активност - повеќе. Изборот вклучува: чиста вода, минерална вода, газирана вода и чаеви без додаден шеќер. Треба да се избегнуваат засладените безалкохолни пијалоци (газирани и негазирани).

 

ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Физичката активност е незаменлив дел од секоја редукциона диета, како и од здравиот начин на живот. Таа помага за добро расположение, но исто така и за зголемување на  активните ткива - мускули. Додека во масните клетки се складира енергија, неа ја трошат активните мускули. Секое зголемување на мускулната маса го зголемува базалниот метаболизам и има поголема потрошувачка на масти од резервите. Секојдневната триесет минутна физичка активност, не само што има добар ефект врз намалувањето на телесната тежина, таа влијае и врз намалувањето на масти во крвта, а го намалува и ризикот од срцеви заболувања, дијабетес, висок крвен притисок и рак на дебелото црево. Не мора да се занимавате со некој спорт, доволное пешачење со брзина како да доцните за на работа. Ќе почувствувате разлика!

 

ЗАПОЧНЕТЕ ДЕНЕС!

Веднаш може да се направи првиот чекор во намалувањето на вишокот килограми – зголемете го внесот на овошје и зеленчук во исхраната, намалете го внесот на масти од животинско потекло, намалете ја големината на порциите – а зголемете го нивниот број, и бидете физички активни!

Доколку Ви треба стручна помош или совет, контактирајте нѐ!

LogoMakr (28)

LogoMakr (25)

LogoMakr (26)

LogoMakr (24)

LogoMakr (27)

123 (3)

123 (1)

123 (2)