Најдобрите чаеви за согорување на маснотии

Има многу начини за да се има потенко тело. Има диети кои можат да Ви помогнат да изгубите тежина за неколку недели, додека други препорачуваат да вежбате енергични вежби.

Покрај другите методи, и конзумирањето на билни чаеви може да Ви помогне во добивањето на убава линија. Билните чаеви помагаат при согорувње на маснотии - заедно со здравата исхрана и вежбање, се разбира.

Од големиот избор на чаеви на пазарот, ние можеме да Ви помогнеме да го одберете најсоодветниот за вас. Еве неколку совети кои ќе Ви користат:

1) И покрај подобриот вкус, избегнувајте ароматизирани чаеви бидејќи често содржат додаден шеќер.

2) Избегнувајте чаеви со лаксативен ефект, бидејќи може да предизвикаат гадење, стомачни грчеви и дијареа. Избегнувајте чаеви со рицинусово масло и алое, кои имаат лаксативно дејство.

3) Секогаш читајте ја етикетата и погледнете ја листата на состојки. Избегнувајте ги оние со вештачки вкусови, па дури и оние со "природни вкусови". Изберете реномирана марка за да бидете сигурни дека ќе добиете квалитетен чај.

Ова се дел од најдобрите чаеви кои го помагаат процесот на слабеење:

Зелен чај: Тој е на врвот на листата, бидејќи отсекогаш бил сметан за еден од најздравите пијалоци во светот. Богат со катехини, зелениот чај може да го зголеми процесот на согорување на маснотии и да му помогне на црниот дроб да ги претвори мастите во употреблива енергија.

Улонг чај: Пијте го за да го забрзате метаболизмот. Исто и тука, клучни состојки се катехините, кои го мотивираат телото да ги користи мастите или липидите.

Чај од нане: Ако постојано имате желба за јадење и мислите дека тоа е најголемата причина за прекумерната тежина, обидете се со чај од нане. Не само што смирува, туку исто така го намалува Вашиот апетит.

Чај од глуварче: Без калории и диуретик, исто така, овој чај е добар за губење на тежината, бидејќи помага во метаболизмот на холестеролот и маснотиите.

Други добри опции се чај од ројбос, бел чај, црн чај и чај од магдонос. Познато е дека некои чаеви се борат против стресот, но исто така се добри за согорување на маснотии и помагаат при намалување на телесната маса. Стресот може да придонесе за зголемување, па затоа пијте чаеви како што се пасифлора, валеријана и чај од лаванда.

чај