КИМ - УБИЕЦ НА ДЕБЕЛИНАТА,

со само една лажица дневно, намалете неколку килограми месечно!

Cumin Seeds Powder For Food Poisoning

Многу експерти веруваат дека забрзувањето на метаболизмот е клуч за ефективно губење на тежина, a постои природна храна која го забрзува, особено зачините. Секако, и вистинската комбинација на храна може да помогне да се забрза метаболизмот и да се ослободите од вишокот килограми лесно и на природен начин.
Според една студија направена од страна на истражувачи на Универзитетот за медицински науки во Иран, се потврдило дека губењето на тежината во голема мера зависи од начинот на кој ќе се комбинира храната. Учесниците во оваа студија биле поделени во две групи и секоја од нив се состоела од 44 жени со прекумерна тежина.
Во текот на три месеци, на жените од двете групи им се давала здрава храна со намалена енергетска вредност - 500 калории помалку од дневните потреби. Она што било различно во исхраната на овие групи биле зачините. На жените од првата група им биле давани 3 грама ким во прав дневно, обично во комбинација со 140 грама јогурт. Жените од втората група ја добивале истата количина на јогуртот, но без ким.
На крајот на студијата, резултатите биле повеќе од неверојатни! Жените од првата група, оние кои земале јогурт и ким, изгубиле 6 килограми повеќе во споредба со групата без ким.
Во првата група, исто така, изгубиле значително повеќе масти од групата без ким - во првата група изгубиле 14.64%, додека во втората само 4,91%.
Она што го прави толку ефикасен кимот, е присуството на филостерол, соединение кое ја спречува акумулацијата на холестерол во телото. Многу научници веруваат дека ова е причината зошто кимот има способност да го забрза вашиот метаболизам.

 

извор: http://ourhealthyhouse.com/murderer-obesity-tablespoonful-will-go-30-pounds-month/