Грижете се за Вашето срце!

 

Многу е важно да почнете со здрав начин на исхрана и умерена физичка активност. Следете ги овие совети:

  • Кажете ѝ НЕ на пржената храна, таа содржи транс-масти, кои воопшто не се добри. Па, следниот пат кога купувате ужина, побарајте ја ознаката „0% транс масти“.Намалете го внесот на црвено месо, наместо тоа, јадете риба или живина.
  • Престанете да конзумирате конзервирано и процесирано месо (колбаси и сланина), тие се полни со токсини! Наредниот пат кога ќе купувате месо, одберете чисто парче, без сланина!
  • Внесете здрави масти во дневната исхрана. Не заборавајте на кикири, бадеми, сончоглед, семки од тиква, ореви, авокадо... За салата, користете ладно цедени масла!
  • Во секојдневната исхрана, вклучете повеќе зеленчук и овошје. Така, ќе обезбедите хранливи материи, кои истовремено ќе ви помогнат во намалувањето на телесната тежина на здрав и ефективен начин
  • Најмалку еднаш неделно, конзумирајте мрсни риби – лосос, туна, сардини... Омега 3 масните киселини во нивниот состав, помагаат за поздраво срце.
  • Користете леб направен од цело зрно (интегрален)! Богат е со растителни влакна кои помагаат во намалување на „лошиот“ холестерол.