ХОЛЕСТЕРОЛ!

Како да го намалите?

Не можете да ги промените Вашата возраст, ниту фамилијарната медицинска историја, а тие имаат големо влијание врз Вашето ниво на холестерол во крвта. Затоа пак, доколку е потребно можете да ја намалите Вашата телесна маса и да ја зголемите физичката активност, па ќе си помогнете во намалување на LDL холестеролот и во подобрување на HDL. Секако, тука најважни се промените во исхраната.

Внимавајте на мастите кои ги внесувате. Најголем дел од холестеролот во организмот не доаѓа директно од храната која содржи холестерол (како на пр. јајцата). Најчесто, тој се создава во организмот од компоненти на храната. За да го подобрите профилот на холестерол, избегнувајте заситени масти (кои ги има во производите од животинско потекло). Овие масти го зголемуваат нивото на непосакуваниот LDL холестерол. Наместо да користите таков тип на заситени масти, користете поздрави, незаситени масти, кои ги има во рибата, јаткастите плодови, авокадото и во растителните масла, како што е маслиновото масло.

Изберете целозрнести производи. Лебот од интегрално брашно, интегралните тестенини и житарици спречуваат нагло покачување и намалување на шеќерот во крвта, а го зголемуваат и чувството на ситост. Многу од овие производи содржат растителни влакна кои го намалуваат нивото на LDL.

Јадете здрава ужина. Јадете повеќе овошје и зеленчук, наместо процесирана храна како што се чипсот и слатките.

РЕДОВНО КОРИСТЕТЕ ЛЕКОВИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ХОЛЕСТЕРОЛ, ДОКОЛКУ ТАКА ВИ СОВЕТУВАЛ ЛЕКАР!

Американската асоцијација за срцеви болести (American Heart Association) има креирано online калкулатор, со чија помош може приближно да се одреди 10-годишен ризик од срцев удар. За тоа Ви се потребни анализи на крвта, и неколку податоци за себе. Проверете: www.health.harvard.edu/heartrisk

 

Референци:

- A Guide to Men's Health Fifty and Forward - Harvard Medical School

Image: AndSim/Getty Images