Билјана Марковска е родена во Битола, 1982 год. Средно училиште завршува во ДСМУ Д-р Јован Калаузи-Битола, Висока медицинска школа, Специјалистички студии на Високата медицинска школа, а во 2015 год. Дипломира на Технолошко-Технички факултет – Велес и се стекнува со диплома за Дипломиран инженер технолог - насока НУТРИЦИОНИЗАМ. Сега е на магистерски студии на насоката НУТРИЦИОНИЗАМ. Во 2015 год., добива награда за освоено III место на конкурсот за најдобар истражувачки труд од Универзитетот Св. Климент Охридски за трудот „Влијанието на телесната тежина врз плодноста кај пациентки во болница Плодност-Битола“. Активно учествува на бројни конгреси и конференции од областа на здравјето и исхраната, во Македонија, Србија и Албанија.BILJANA SLIKA 2

Нутриционизмот го гледа како мултидисциплинарна наука, каде важно место имаат медицината, биохемијата, хемијата, технологијата на храна, науката за безбедност на храната и други науки. За еден нутриционист да биде комплетен, мора добро да ги познава анатомијата и физиологијата на човечкиот организам, биохемиските процеси кои се одвиваат во него, составот на храната и адитивите, начинот на производство на храна и условите за чување и управување со храната. Знаењата од сите тие области ги има стекнато на двете високообразовни институции каде има дипломирано (Висока медицинска Школа и Технолошко-Технички Факултет).

 

Не јадете МАЛКУ - Јадете ПРАВИЛНО!

НЕ ЗАПОЧНУВАЈТЕ ДИЕТА КОЈА ТРАЕ ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ... ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА ЖИВОТЕН СТИЛ КОЈ ЌЕ ТРАЕ ЗАСЕКОГАШ!