НАСЛОВ

Водата е природен еликсир на здравјето и убавината. Пиењето на многу вода може да помогне да се чувствувате поенергични во текот на денот, да имате подобар тен, помала телесна тежина и подобро здравје. Многу е важно да бидете хидрирани при процесот на намалување на телесната тежина, како и за целокупната здравствена состојба.

Според многу истражувања, многу луѓе не внесуваат доволна количина на вода, и тоа е една од најголемите причини зошто имаат вистински проблеми во процесот на намалување на тежината.

Многу студии покажале дека само со 2 чаши вода пред јадење, ќе си помогнете во согорување на дополнителни 2,5 кг годишно. Пиењето на доволна количина на вода ги намалува шансите за прејадување и го забрзува метаболизмот. Недостатокот на вода предизвикува телото да ги „помеша“ чувствата за жед и глад.

Ние ќе Ви прикажеме која е потребната количина на вода за секој човек, со цел да се стимулира губењето на тежина и да се подобри здравјето.

Измерете ја Вашата телесна маса - ако сакате точно да пресметате колку вода треба да консумирате секојдневно, ќе мора да ја знаете Вашата тежина. Таа е всушност поврзана со дневната потреба за вода.

Според оваа шема, може да определите која е Вашата дневна потреба за вода.

потреби за вода

Ниво на активност - нивото на активност е уште еден важен фактор кој е поврзан со дневниот внес на вода. Поради потењето, треба да се компензира количината на вода која сте ја изгубиле.

Ако вежбате 30 минути дневно, треба да додадете 400-500 мл на вода, што значи околу 1 литар за еден час активни вежби.

Консумирајте чаша вода веднаш откако ќе се разбудите, 2 чаши вода пред секој оброк и најмалку 2 чаши вода во остатокот од денот, со цел - подобрување на Вашето целокупно здравје и ослободување од вишокот на килограми!

извор: http://losingweightdone.com/how-much-you-need-to-consume-in-order-to-lose-weight-and-improve-your-overall-health/