Разновидната и балансирана исхрана е многу важна за зачувување и подобрување на здравјето. А правилна исхрана е правилното комбинирање на храната во зависност од потребите на секој организам посебно. Секако, важен е типот на храна, но и нејзината количина. Доколку нема потреба строго да се одредува количината на храна, добро е да се знаат едноставни техники на одредување на големината на порцијата. Секогаш и секаде, тоа можеме да го одредиме со помош на нашата дланка. Мерките се индивидуални, секој мери со својата рака.
Picture1

 

Лесно може и сами да си составите дневно мени, само следете ги правилата:

  • Зеленчук: 3-5 порции

  • Овошје: 2-4 порции

  • Житарки: 5-6 порции

  • Легуминози и јаткасти плодови: 2-3 порции

  • Млеко и млечни производи: 2-3 порции

  • Месо, риба и јајца: 2-3 порции

  • Слатки - ретко, во посебни прилики

    Не ги заборавајте водата и физичката активност!