Што е фолна киселина?

Фолната киселина припаѓа на групата Б витамини (Б9). Таа е неопходна за нормално создавање и созревање на црвените крвни клетки.

 

folati.

 

Кој има потреба од фолна киселина?

Сите луѓе имаат потреба од фолна киселина! Кај нормална, разновидна и балансирана исхрана, тие потреби обично се задоволуваат преку храната. Меѓутоа, кај жени кои планираат бременост или кои се веќе бремени, потребите се зголемуваат. Со доволна количина на фолна киселина во организмот на жената пред бременоста и во првите недели од бременоста, може да се превенираат големи дефекти во развојот на нервниот систем и мозокот на плодот. Фолната киселина превенира и анемија и го чува здравјето на срцето на мајката.

 

Која храна содржи фолна киселина?

Фолната киселина природно ја има во храната како лиснат зеленчук, цитрусно овошје, легуминози, јаткасти плодови и целозрнести житарици. Некои житарици се збогатени со додадена фолна киселина!

 

Дали може да внесеме фолна киселина во поголема количина од потребната?

Преку храна, мала е веројатноста да се внесе количина на фолна киселина која би наштетила.