банани

ЈАДЕТЕ БАНАНИ СЕКОЈ ДЕН!

 

Бананите се многу здрава и вкусна храна. Секојдневното јадење на банани има бројни придобивки за нашето здравје, иако има многу митови за ова овошје што треба да ги отстраниме. Ако сакате да дознаете повеќе за својствата на банана, ние ќе ви кажеме сè што треба да знаете.
Бананата е вкусно овошје, познато во целиот свет по големите здравствени придобивки. Се верува дека е најконзумираното овошје и можеби поради тоа е еднo од најконтрaверзните. За бананата постојат бројни митови кои мора да се отфрлат ако навистина сакаме да ја видиме предноста на големите придобивки што ги има. На прво место, таа е обично "забранета" храна при спроведување на диети за брзо намалување на тежина. Ова не е затоа што бананата дебели, како што многу луѓе веруваат, туку затоа што тоа е еден од плодовите со најмногу калории. Друга причина зошто понекогаш се препорачува бананата да се замени со друо овошје, е затоа што бананата содржи помалку вода, а повеќе јаглехидрати од другите овошја.
Сепак, Ви препорачуваме да ги оставите настрана митовите и да дознаете која е вистинската корист од овој прекрасен плод. Ние ќе ви покажеме што се менува во вашето тело со јадењето на банани...

 

БОРБА ПРОТИВ КАНЦЕРОГЕНИ ЗАБОЛУВАЊА
Според едно истражување спроведено во Јапонија, бананите се способни да ја стимулираат функцијата на белите крвни клетки, а со тоа и тие може да го спречат растот на туморите. Ефектите зависат од степенот на зрелост на плодот, бидејќи колку повеќе се омекнати бананите (оние со кафеави точки на нивната лушпа), тие имаат поголема ефикасност. Експертите препорачуваат две помеки банани дневно за подобрување на имунолошкиот одговор на организмот. Со негово подобрување, се зголемува производството на "тумор некротичен фактор (TNF)". TNF е протеин кај цицачите, кој е вклучен во процесот на апоптоза - клеточна деструкција на малигните клетки.

 

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА
Споменавме дека бананите обично не се вклучени во исхраната кај диетите за намалување на тежината, но тие се нарекуваат "плодови на спортистите". Тоа е плод со повисок гликемиски индекс и обезбедува природни и здрави шеќери за телото. Откако ќе се изеде банана, шеќерите лесно се претвораат во енергија, што е идеално за луѓе кои спортуваат.

 

ПОДОБРУВАЊЕ НА ДИГЕСТИВНИОТ ПРОЦЕС
Ако сакаме да ја регулираме работата на цревата, секојдневното јадење на банани е одличен третман. Тоа е поради големата количина на растителни влакна кои ги содржат.

 

АНТАЦИД
Бананата е природен антацид, препорачан за луѓе со хроничен гастритис или рефлукс.

 

ПРОТИВ АНЕМИЈА
Обезбедуваат висока доза на железо, па затоа се препорачува да се додадат во исхраната на секое лице кое страда од анемија со недостаток на железо.

 

ПОДОБРА РАБОТА НА МОЗОКОТ – ПОДОБРО УЧЕЊЕ И ПАМЕТЕЊЕ
Поради високата содржина на калиум, помагаат во процесот на учење. Учениците во една студија, увиделе дека имаат поголема мисловна моќ и имаат подобар успех на испитите кога јадат банана за појадок или ужина.

 

ПОКРАЈ ТОА…

- Помагаат да се контролира крвниот притисок.

- Се борат против депресија и промени на расположението, поради високата содржина на триптофан.

- Помагаат во контрола на нервоза и анксиозност, особено во ПМС поради присуството на витамин Б6.

- Ја регулираат температурата на телото, идеални се за лица со покачена телесна температура, особено за деца.

- Им помагаат на пушачите кои сакаат да се откажат од пушење – Б витамините и минералите кои ги содржат, ги олеснуваат ефектите од никотинската зависност.

- Го регулираат нивото на шеќер во крвта.