images

 

ЦРЕШИ – БОГАТСТВО КОЕ ГО НУДИ ПРОЛЕТТА

Најубавиот и највреден украс на пролетта се прекрасните мали плодови на црешите, чија боја може да биде од бела до темно црвена.

Се смета дека потеклото им е од Мала Азија. Благодарение на римски војсководци, ова овошје стигнало во Рим, каде што започналe интензивно да се одгледуваат. Црешите станале омилено овошје на римските војници, кои верувале дека овие слатки месести плодови им ја зголемуваат енергијата и им даваат сила.

Наскоро, се дознало за црешите и во другите делови на Европа, па почнале да се одгледуваат и во други земји.

ЦРВЕНИ ПЛОДОВИ СО ГОЛЕМИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ!

Здравствените придобивки на ова прекрасно овошје, се соодветни на неговата форма и боја. Во атрактивните слатки цреши, се кријат корисни состојки кои придонесуваат за убавина и здравје. Одличен извор се на витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц и К, како и на минералите калиум, калциум, железо, бакар, манган, магнезиум, фосфор и цинк.

Содржат растителни влакна, целулоза, пектин, органски киселини (јаболкова, лимонска, винска), јаглехидрати и малку протеини.

Поради богатството на антиоксиданси, црешите се одлични борци против слободните радикали (кои се многу штетни за човечкиот организам). Особено се богати со антоцијанини и проантоцијанини. Има истражувања кои докажале дека антоцијанините од црешите имаат позитивно влијание врз плодноста кај жените. Па, ако планирате бременост, јадете цреши!

Овие антиоксиданси се одлични во намалување на симптомите на астма и алергии, а имаат и силна антивоспалителна моќ.

Го поттикнуваат производството на колаген – кој е клучен за здрава кожа, коски и сврзно ткиво.

Истражување спроведено на американскиот универзитет во Вермонт, докажало дека антоцијанините ефикасно ги ублажуваат воспаленијата на мускулите, како и грчевите во листовите на нозете.

ЈАДЕТЕ ЦРЕШИ!

Помагаат при слабеење

Црешите имаат многу малку маснотии и нискокалорични се. Во 100 g цреши има 63 kcal.

Содржат голем процент на вода која го забрзува метаолизмот.

Благодарение на растителните влакна и пектинот, овие плодови брзо предизвикуваат чувство на ситост.

Истражувачи од Мичиген тврдат дека антоцијанините од потемните цреши можат да ја намалат количината на масни наслаги на стомакот и да ги намалат нивоата на холестерол и шеќер во крвта.

Тиаминот, рибофлавинот и витаминот Б6 кои ги има во црешите, од витално значење се за метаболизмот и за претворањето на хранливите материи во енергија, што оди во прилог на оние кои сакаат да ја намалат својата тежина.

Накратко – црешите се пријатели на Вашата линија!

Придонесуваат за младешки изглед

Благодарение на својот состав, црешите можат да ви помогнат во обидот да ја забавите појавата на знаци на стареење како што се брчки, целулит, сува кожа и коса и сл.

Добар извор се на витамин А во вид на бета каротен, кој има важна улога во многу функции на организмот. Тој ја одржува кожата здрава и ја штити од инфекции. Неопходен е и за здравјето на очите и за зачувување на добар вид.

Црешите и сокот од цреши во народната медицина се користат за нега и обновување на сува кожа и за отстранување на темни подочници.  

Се грижат за здравјето на коските

Ова суперовошје е одличен извор на минералот бор, кој многу поволно делува на здравјето и на квалитетот на коските.

Го има и калциумот, чиј недостаток со тек на времето може да доведе до губиток на коскена маса.

Минералите бакар и магнезиум присутни во плодовите на црешите, исто така се од голема важност за здрави коски. Магнезиумот е неопходен за апсорпција на калциум и за негово вградување во коските, што го прави клучен фактор во превенција на остеопороза и кршливост на коските.

Ја ублажуваат нервозата и раздразливоста

Нервоза, раздразливост, главоболка, немирен сон и слични симптоми може да се јават како резултат на хормонска нерамнотежа, зголемен стрес и нездрав начин на живот.

За спречување и отстранување на овие проблеми, одлично природно решение може да биде мелатонинот присутен во црешите. Овој хормон кој го лачи епифизата, има смирувачки ефект врз невроните во мозокот, го смирува нервниот систем, и Ви помага да спиете полесно и помирно во текот на ноќта. Освен што има благо седативно дејство, според некои студии, мелатонинот може да биде корисен кај изгореници од сонце, синдром на иритабилно дебело црево и епилепсија.

Ги намалуваат болките и ја враќаат силата

Плодовите од цреши и нивнот сок имаат способност да ги намалат или целосно да ги отстранат болките од физичка и ментална исцрпеност. Истражувањето спроведено од страна на Oregon Health and Science University of America откриле дека спортистите кои пиеле сок од цреши пред трките на долги стази, по завршувањето на трката имале помали болки во мускулите, за разлика од другите учесници.

Истражување на Универзитет во Лондон покажало дека пиењето на сок од цреша, може во рок од 24 часа да врати до 90% од енергијата изгубена за време на спортски активности или тешка физичка работа.

Според тврдењата на експерти, 20 цреши се поефикасни од една таблета Аспирин.

Ги чистат бубрезите и мочните патишта

Црешите се одличен диуретик што значи дека го поттикнуваат излачувањето на урина. Освен плодовите, во народната медицина со векови се користат и дршките. Од нив се подготвуваат чаеви кои се користат за отстранување на камења во бубрезите, за чистење на мочните патишта, за зголемување на лачењето на урина, како и за воспаленија на бубрезите и мочните патишта.

Помагаат кај воспаленија

Црешите се познати по нивната способност да ги намалуваат воспаленијата.

Истражувачите на Државниот универзитет во Мичиген открија дека антоцијаните, соединенија кои на црешите им ја даваат нивната црвена боја, имаат силен антиинфламаторен ефект. Студијата покажа дека овие соединенија имаат способност да ги инхибираат ензимите кои играат клучна улога во производството на простагландини - природни хемикалии кои се вклучени во воспалителните процеси.

Една студија од Универзитетот California во Дејвис покажа дека редовното консумирање на цреши во рок од 28 дена доведува до намалување на биохемиските знаци на воспаление во крвта.

Донесен е заклучок дека јадењето цреши може да помогне против хронични болести како што се гихт, артритис, фибромијалгија (состојба со болка во мускулите), спортски повреди и многу слични здравствени проблеми.

Ја спречуваат појавата на канцерогени заболувања

Црешата е овошје богато со лутеин, зеаксантин и бета-каротен - соединенија познати како "чистачи" на слободни радикали, за кои е потврдено дека се канцерогени соединенија. Исто така во голема количина има и кверцетин, растителен пигмент од групата на флавоноиди.

Според резултатите од бројни студии, оваа комбинација поради силните антиканцерогени својства значително придонесува за превенција од рак.

Ако се има предвид фактот дека кверцетинот го има во медот, јаболката и лукот – производи кои се на врвот на најздравите видови на храна, тогаш оправдано е и црешите да имаат голема хранлива вредност.

Го чуваат срцето и крвните садови

Калиумот скриен во внатрешноста на слатката цреша, значително придонесува за здравјето на срцето. Истражувањата покажуваат дека јадењето на храна богата со овој минерал може да биде корисно во регулирањето на крвниот притисок, ритамот на срцето и неговата електрична активност.

И магнезиумот придонесува за зачувувањето на функцијата на срцето. Тој помага во регулирање на срцевите отчукувања, го намалува ризикот од срцев удар и го подобрува опоравување по срцев удар.

Стеролите се растителни соединенија во црешите и помагаат за природно намалување на холестеролот. Потврдено е дека конзумирањето на храна богата со овие соединенија може да го намали LDL (лошиот холестерол) и до 20%.

 

 

 

 

 

download (5)

 

download (6)

 

download (5)

 

download (6)

 

download (5)

 

download (6)

 

download (5)

 

download (6)

 

download (5)

 

download (6)

 

download (5)

 

download (6)

 

download (5)

 

download (6)

 

download (5)

 

download (6)

 

download (5)

 

download (6)

 

download (5)