Имате проблем со спиењето?

Оваа храна ќе Ви помогне да имате убав сон и мирна ноќ

Нашето тело, а и нашата благосостојба зависат од квалитетот на нашиот сон. Неможноста за спиење или честото будење во текот на ноќта не е добро за здравјето и за расположението наредниот ден. Поради сѐ поголемиот стрес во текот на денот, добриот ноќен сон е еден од главните проблеми со кои се соочуваат луѓето.
Ви препорачуваме неколку здрави опции кои ќе Ви помогнат да имате подобар ноќен сон.

dobar son

Топло млеко со мед
Стар добар рецепт, кој одамна се користи и делува. Иако многу луѓе не го знаат механизмот на дејство, тука има наука! Млекото содржи триптофан, аминокиселина што организмот ја користи за производство на серотонин, кој е еден вид на хемиски успивач. Серотонинот ја забавува активноста на нервите, го смирува мозокот и испраќа порака за пријатно чувство низ цело тело. Навечер, мозокот го претвора серотонинот во друга супстанција - мелатонин, кој го регулира сонот.
Ќе ги навадеме и причините поради кои препорачуваме мед со млеко, и тоа топло. Млекото содржи триптофан. Јаглехидратите кои брзо се варат, како медот, го поттикнуваат лачењето на инсулин, кој овозможува поголемо количество триптофан да стигне до мозокот. А млекото треба да биде топло зашто топлината го засилува дејството на триптофанот.
Испијте го овој сладок и убав напиток и добар сон!

Банана
Магнезиумот кој го содржат бананите ги релаксира мускулите, помага да се опуштите, а со тоа и подобро да спиете. Бананите исто така содржат и калиум, минерал кој е корисен во спречување на ноќните грчеви. Содржат и триптофан, кој може да Ви помогне при несоница. Јадете банана пред спиење и ќе ги почувствувате нејзините придобивки.

Лосос
Витаминот Б6 и Омега-3 масните киселини може да Ви помогнат да се опуштите и да го намалите стресот. Двете состојки може да се најдат во лососот. Витаминот Б е корисен за зголемување на производството на мелатонин, кој го помага заспивањето, а Омега-3 масните киселини го засилуваат лачењето на серотонин. Со конзумирањето на лосос, исто така се зголемува и нивото на витамин Д кој ќе Ви помогне да заспиете полесно отколку порано.

Растителни чаеви
Нане, валеријана, камилица и чај од лаванда се најдобрите чаеви за подобрување на квалитетот на сонот. Камилицата е најмоќна, благодарение на апигенинот кој го содржи. Одлична е за смирување на мозокот и релаксирање на телото. Затоа шоља чај пред да одите во кревет секогаш е добар избор.

Јогурт
Moжеби причината за Вашиот проблем е недостатокот на калциум? Во тој случај, јогуртот е најдобро решение. Некогаш несоницата може да се спречи со зголемување на нивото на калциум, па затоа редовно конзумирајте јогурт и други млечни производи.

Цреши
Друг начин за справување со несоница е да е напиете чаша сок од цреша пред спиење. Благодарение на овој сок се зголемува производството на мелатонин, a тоа ќе резултира со поквалитетен сон. Доколку имате свежи или замрзнати цреши, може и нив да ги искористите, ќе има ист ефект. Црешите го регулираат и циркадниот ритам.

Целозрнести производи
Магнезиумот е минерал кој помага да се релаксирате, а во голема количина го има во целозрнестите плодови. Квалитетот на вашиот сон ќе се подобри доколку изберете интегрален, наместо бел леб, особено во втората половина од денот.

Какао
Какаото исто така содржи магнезиум. Затоа пиењето една чаша какао пред да одите во кревет може да Ви помогне да се релаксирате. Какаото содржи и триптофан, уште една корисна состојка која влијае на квалитетот на спиењето.

Избегнувајте:
- Алкохол - иако делува како седатив, може да се разбудите по неколку часа кога се метаболизира најголем дел од него и му поминува смирувачкото дејство.
- Кофеин - избегнувајте го навечер, но и во текот на денот не пијте повеќе од 2 кафиња (околу 200 mg кофеин).
- Обилна масна вечера - тешката и обилна храна може да предизвика проблеми со варењето, што влијае на мирниот сон

Добра ноќ и мирен сон!