УЖИВАЈТЕ ВО ПИЕЊЕТО НА КАФЕ - ЗДРАВО Е

Кафе – омилен пијалок за многумина. Го сакаме за будење, го сакаме за дружење. Не поминуваме ден без него. А и здраво е, нормално, доколку се конзумира умерено – 2 до 3 кафиња дневно. Богато е со антиоксиданси, кои ни го подобруваат здравјето и нè штитат од болести. Многу студии покажале дека вљубениците на кафе имаат помал ризик од некои сериозни заболувања. Ви претставуваме 9 здравствени придобивки на кафето и еден совет: Уживајте во неговиот вкус.

кафе   

1. КАФЕТО МОЖЕ ДА ВИ ЈА ЗГОЛЕМИ ЕНЕРГИЈАТА, НО И ДА ВЕ НАПРАВИ ПОПАМЕТНО ДА РАЗМИСЛУВАТЕ

Кафето им помага на луѓето помалку да се чувствуваат уморни и им ја зголемува енергијата. Ова е затоа што содржи кофеин, стимулант и најчесто конзумирана психоактивна супстанција во светот.

Откако ќе се напиете кафе, кофеинот се апсорбира во крвотокот, и така стигнува до мозокот. Таму се ослободуваат многу неуротрансмитери (норепинефрин, допамин), кои поволно делуваат на когнитивните функции во организмот. Многу испитувања кај луѓето покажале дека кафето ја подобрува функцијата на мозокот од повеќе аспекти, како подобра меморија, расположение, будност, поголемо ниво на енергија, подобри рефлекси.

2. КАФЕТО ПОМАГА ПРИ СОГОРУВАЊЕ НА МАСТИТЕ

Дали знаете дека кофеинот го има скоро во сите суплементи за согорување на мастите? Има добра причина за тоа... кофеинот е една од малкуте природни супстанции за кои е докажано дека помагаат при согорување на мастите. Неколку студии имаат докажано дека кофеинот го забрзува метаболизмот за 3-10%, а во други истражувања се увидело дека тој конкретно го забрзува согорувањето на мастите, и тоа за 10% кај луѓе со зголемена телесна тежина и за 29% кај слаби луѓе. Маѓутоа, за жал, овие ефекти се намалуваат при долгорочна конзумација на кафе.

3. КОФЕИНОТ МОЖЕ ДА ВИ ГИ ПОДОБРИ ФИЗИЧКИТЕ СПОСОБНОСТИ И ДА ГО ЗАБРЗА МЕТАБОЛИЗМОТ

Кофеинот го стимулира нервниот систем, предизвикувајќи го да им испраќа сигнали на масните клетки да ги „топат“ телесните масти. Но, кофеинот исто така го зголемува нивото на адреналин во крвта. Тоа е хормон кој го прави нашето тело способно за интензивен физички напор.

Кофеинот им помага на масните клетки да се распаднат, и ги ослободува во крвта како слободни масни киселини, па така се достапни како енергетски извор.

Со оглед на овие ефекти, не е чудно тоа што кофеинот може да ги подобри физичките перформанси за 11-12%.

Затоа, доколку спортувате, добро е да се напиете кафе околу половина час пред тренинг!

4. ВО КАФЕТО ИМА МНОГУ ПОТРЕБНИ НУТРИЕНТИ  

Кафето не е добро само поради неговиот вкус, туку и поради хранливите материи кои ги содржи. Една шоља кафе, во просек содржи:

- рибофлавин (витамин В2): 11% од дневната препорачана доза (ДПД)

- пантотенска киселина (витамин В5): 6% од ДПД

- манган и калиум: 3% од ДПД

- магнезиум и ниацин (витамин В3): 2% од ДПД

На прв подлед не делува многу, но повеќето луѓе пијат по повеќе кафиња дневно, па со тоа и внесот на овие материи им е поголем.

Coffee Beans Spread Horizontally, Smaller

5. ГО ЗАБАВУВА ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ

Биоактивните компоненти во кафето помагаат подолго да останете во форма од секој аспект. Тие го минимизираат падот на моторните и менталните способности, поврзани со стареењето. Дури, има поврзаност помеѓу пиењето кафе и намалениот ризик од деменција, Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

6. КАФЕТО ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД ПОЈАВА НА ДИЈАБЕТ ТИП II

Дијабетесот е голем здравствен проблем насекаде во светот. Се карактеризира со зголемено ниво на шеќер во крвта поради инсулинска резистенција или неможност да се лачи инсулин.

Многу студии покажале дека конзументите на кафе имаат помал ризик од добивање на Дијабет тип II, дури и до 50%.

7. КАФЕТО ВЕ ШТИТИ ОД ДЕПРЕСИЈА И ВЕ ПРАВИ ПОСРЕЌНИ

Пиењето на кафе може да ве поттикне да гледате на светлата страна на животот.

Kофеинот го стимулира централниот нервен систем преку зголемување на активноста на хемиската супстанција во мозокот - допамин, кој е поврзан со чивството на поттик, креативност и импулсивност. Тоа прави да се чувствуваме убаво и да бидеме полни со енергија.

8. КОНЗУМЕНТИТЕ НА КАФЕ ИМААТ ПОМАЛИ ШАНСИ ЗА РАЗВОЈ НА НЕКОИ ТИПОВИ НА КАНЦЕРОГЕНИ ЗАБОЛУВАЊА

Докажано е дека умереното дневно количество на кафе, помага во превенција од карцином на црн дроб и колоректален карцином.

9. КАФЕТО НЕ ПРЕДИЗВИКУВА СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА, А ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД СРЦЕВ УДАР

Често се слуша дека кофеинот го зголемува крвниот притисок. Точно е, но тоа е многу малку (3-4 mmHg) и обично брзо поминува. А го намалува и нивото на калциум во коронарните артерии, со што штити од срцев удар. Значи, пијте кафе, но внимавајте тоа да не биде во голема количина.

Image result for COFFE