ПИРАМИДА НА ЗДРАВА ИСХРАНА  

Оваа пирамида нека Ви биде водич за правилна исхрана

Изберете најголема количина на храна од базата на пирамидата, а најмала од врвот, но не заборавајте ја и физичката активност.

 

 

Пирамида на исхрана

 

Зеленчук

Зеленчукот е богат со нутриенти и растителни влакна, и во најголем дел е со малку калории и масти. Фокусирајте се на свеж зеленчук, а во замена изберете замрзнат. И, повеќе јадете темно зелен, црвен и портокалов зеленчук. Запомнете дека, доколку ја следите пирамидата, скробниот, калоричен зеленчук, како компирите, богат е со јаглехидрати! 

Овошје

Скоро секое овошје е дел од здрава диета. Најдобар избор е свежото овошје, но добар избор се и замрзнатото и конзервираното без додаден шеќер. Во помала количина јадете суво овошје, бидејќи е многу калорично. Овошјето е богато е со витамини, минерали и растителни влакна.

Јаглехидрати

Најголем дел од оваа група се зрнести ппроизводи, или се направени од зрна. Богати се со растителни влакна и други нутриенти. Користете целозрнести житарици, интегрален леб, интегрални тестенини, кафеав ориз и овесни снегулки.

Протеини/месо и млечни производи

Најдобар избор се рибата, белото месо од живина, млечните производи, белката од јајце и легуминозите (леќа, грав, грашок).

Масти

На Вашето тело му се потребни масти, но во помали количини. Избегнувајте заситени масти и транс-масти, кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Изберете добри масти, како маслиново масло, авокадо, јаткасти плодови, путер од јаткасти плодови...

Слатки

Оваа група содржи слатки, крофни, пити и други десерти богати со шеќери и масти, а сиромашни со нутриенти. Затоа користете ги ретко и во мали количини. Препорачливо е да се ограничи внесот на 75 калории дневно. Може да се пресмета и неделно. Така, ако јадете парче торта во понеделник, воздржете се од друго во текот на цела недела!

Спортска активност

Како што гледате, пирамидата на здрава исхрана не се однесува само на храната, туку и на физичката активност. Во центарот на базата на пирамидата е и физичката активност, која има важна улога за здравствената состојба. Препорачана е умерена физичка активност од 30-60 минути скоро секој ден (може и пешачење)!