Image result for vitamins

ВИТАМИНИ   

    Витамините се комплексни органски соединенија кои имаат огромно значење за растот, развојот и нормалното функционирање на сите клетки и ткива во организмот. Вклучени се во многу биохемиски процеси и во градбата на многу ензими. Не се извор на енергија, но многу од нив учествуваат во процесот на создавање на енергетски соединенија и се важни фактори во метаболизмот. Човекот ги внесува преку исхраната од растително и животинско потекло.
     Според растворливоста, витамините може да бидат растворливи во вода (витамин Ц и витамини од Б комплексот) и растворливи во масти (витамините А, Д, Е и К). Витамините растворливи во вода треба секојдневно да се внесуваат, бидејќи не се депонираат во организмот и брзо се излачуваат. Витамините растворливи во масти се складираат во организмот.

    Има одредени состојби кога е зголемена потребата од некои витамини и само тогаш е неопходна нивна суплементација во вид на фармаколошки препарати. Зголемена потреба за витамини има кај бремени жени, активни спортисти, состојба на болест и слично.

     Мора да се знае дека како што намалениот внес на некој витамин, така и прекумерниот внес, може да доведе до нарушување на функцијата на одредени делови на организмот. Преку нормална исхрана многу ретко доаѓа до зголемен внес на некој витамин, тоа најчесто се случува кога се користат суплементи. Затоа треба да се внимава, особено со витамините растворливи во масти! Тие побавно се елиминираат од организмот и поради тоа почесто се јавува нивна хипервитаминоза (презаситеност на организмот). Особено бремените жени треба да внимаваат со внесот на витамин А!

     Со балансирана и разновидна исхрана, најчесто се внесуваат сите потребни витамини во задоволителни количини и при тоа не се јавува нивен недостаток. За да ги внесеме сите витамини во организмот (квалитативно) и во потребната количина (квантитативно), храната мора да биде правилно термички обработена или максимално свежа искористена, во завиност од видот. Затоа, јадете свежо овошје и зеленчук секој ден. Некоја храна треба термички да биде обработена, но тоа нека биде најкратко што е можно. Јадете легуминози и лиснат зеленчук! Јадете месо, риба и јајца, но не во неограничени количини! Избегнувајте конзервирани производи, конзервансите го уништуваат витаминот Ц!
Запомнете: Со разновидна исхрана, во која се застапени производи од сите групи (овошје, зеленчук, легуминози, целозрнести производи, месо, млечни производи) ќе ја задоволите потребата на организмот за сите витамини и минерали!

Image result for vitamins

LogoMakr (24)

 

LogoMakr (20)

 

LogoMakr (22)

 

LogoMakr (21)

 

LogoMakr (12)

 

LogoMakr (16)