ананас

Не ви се допаѓа ананасот? Прочитајте го овој натпис и сигурно ќе се премислите.
Ананасот се смета за крал на тропското овошје. Тој е вкусен и многу корисен за кожата, коските и дигестивниот систем. Еве шеснаесет причини зошто треба почесто да го консумирате ова овошје:
 

1. Голема хранлива вредност

Ананасот е богат со витамини и минерали: витамин Ц, Б6, фолна киселина, манган, тиамин, бакар, калиум, ниацин, пантотенска киселина, магнезиум, како и бројни други хранливи материи.
 

2. Посилни коски

Парче свеж ананас обезбедува околу 76 проценти од препорачаната дневна количина на манган, минерал кој е мошне корисен во спречување на губењето на коскена маса поради остеопороза.
 

3. Подобро варење

Ананасот содржи бромелаин, состојка која го помага и го олеснува процесот на варење на храната. Бромелaинот, исто така го намалува и воспалението во панкреасот, а го подобрува и метаболизмот на шеќери, што помага при дијабетес.
 

4. Убава насмевка

Недостатокот на витамин Ц е една од главните причини за воспаление и крварење од непцата, губење на забите и кревкост на капиларите. Со конзумирање ананас се зголемува нивото на витамин Ц во организмот, бидејќи тој е богат со овој витамин.
 

5. Ослободување од болки во зглобовите

Се смета дека ананасот има ефект како и нестероидните анти-инфламаторни лекови. Ова е посебно корисно за луѓе кои страдаат од ревматоиден артритис и остеоартритис.
 

6. Нормален крвен притисок

Ананасот може да биде од голема помош кога станува збор за висок крвен притисок. Ова се должи на фактот дека ананасот содржи калиум цитрат, кој го намалува ефектот од високото ниво на натриум, а со тоа го намалува крвниот притисок.
 

7. Превенција од канцерогени заболувања

Поради присуството на бромелаин, ананасот делува при превенција на рак на дебелото црево.
Ананасот, исто така, помага и при на рак на простата. 
 

8. Ослободување од постојана кашлица

Ананасот содржи големи количини на витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот и ги смирува болките при воспалено грло. Наместо да пиете лекови против кашлица, пијте свеж сок од ананас за да се намали воспалението. Благодарение на ананасот, на вкусен и здрав начин може успешно да ги потиснете симптомите на настинка. 
 

9. Остар вид

Ананасот е неверојатен кога станува збор за заштита на здравјето на очите. Тој е богат и со витамин А, кој го забавува процесот на макуларна дегенерација.
 

10. Помага при превенција од зголемено згрутчување на крвта

Ананасот може да дејствува како антикоагулантно средство (повторно поради бромелаинот), и особено помага кај луѓето кои имаат проблем со зголемена коагулација (згрутчување) на крвта.
 

11. Здраво губење на тежината

Дали сте еден од оние луѓе кои практикуваат емоционално јадење? Знаете дека е лошо, нели? Изедете неколку парчиња ананас, тој е богат со растителни влакна и ќе ве засити. Хранливите состојки присутни во ананасот влијаат врз ослободувањето на гликоза во крвта, што ве чува од емоционално јадење.
 

12. Третман на воспален желудник

Ако имате проблематичен желудник или киселини во желудникот, сега може да им кажете збогум на лековите и да ги замените со сок од ананас. Сокот од ананас е во состојба да ги намали проблемите со стомакот. Но внимавајте, премногу големи количини од овој сок може да предизвика дијареа. 
 

13. Решавање проблемите со плодноста

Ако јадете ананас по 2-3 парчиња на ден, Вие си ја зголемувате шансата да забремените по природен пат. Ова се должи на фактот дека хранливите состојки присутни во ананасот ја прават матката посилна и го смируваат воспалението предизвиканo од ендометриоза.
 

14. Намалени воспаленија

Ананасот е многу ефикасен кога станува збор за намалување на воспаленија, без разлика дали го консумирате свеж или замрзнат. Хранливите состојки кои ги содржи ананасот помагаат при побрзо заздравување на повредените ткива и ја олеснуваат болката. Ананасот е добар и за луѓето кои имаат воспалителна болест на цревата.
 

15. Поубава кожа

Кога станува збор за обновување на кожата, лигаментите, тетивите и крвните садови, витаминот Ц е од витално значење. Ова е причината зошто треба да консумирате ананас. Може и да подготвите маска за лице од ананас, мед и јогурт -  ќе добиете неверојатни резултати.
 

16. Користете го при подготовка на месо

Јадењата со месо се повкусни со ананас. Бромелаинот го омекнува тврдото месо и го прави полесно за џвакање.