ЈАГОДИ  ♥ 

 МММММММММММММММ.....

Тешко е да одолеете на свежи јагоди, на нивниот прекрасен вкус, мирис и арома, но дали знаете колку добри се тие за Вас?
Јагодата се нарекува "кралица на овошјето" во азиските земји, а тоа не случајно, бидејќи е едно од највкусните, најароматичните и најздравите овошја. Содржат многу голема количина на витамин Ц, а и феноли, кои го штитат нашето здравје.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ЈАГОДИТЕ

- Јагодата е симбол на Венера, божицата на љубовта, затоа што таа е често во облик на срце и има богата, црвена боја.
- Кај некои народи се верува дека ако поделите јагода на половина и ја споделите со некој од спротивниот пол, наскоро ќе се вљубите.
- Мадам Талиен, во времето на императорот Наполеон, се капела во сок од јагоди.
- За јагодите се верува дека се афродизијак, па во Франција во XIII век им се служеле на младенците во супи.
- Постојат повеќе од 600 сорти на јагоди, кои се разликуваат во вкус, големина и текстура.
- Дизајни со јагоди се врежани во средновековните градби, како знак на совршенство и праведност. Овие дизајни често ги има на олтарите или околу врвот на столбовите во катедралите и црквите.
- Старите Римјани ги користеле јагодите за да ги ублажат симптомите на несвестица, треска, инфекции на грлото, камења во бубрезите, напади на гихт и болести на крвта, црниот дроб и слезината.
- Јагодите припаѓаат на семејството на рози, заедно со јаболката и сливите.

10 ПРИЧИНИ ЗОШТО УШТЕ ПОВЕЌЕ ДА ГИ САКАТЕ ЈАГОДИТЕ

1. Помагаат при согорување на складираните масти
Црвената боја доаѓа од антоцијаните, кои го стимулираат согорувањето на складирани маснотии. Оние кои се хранат со високо-масна исхрана заедно со антоцијани, добиваат помалку тежина од оние кои јадат високо-масна исхрана без додавање на антоцијани. (The Journal of Agriculture and Food Chemistry)

2. Ја зголемуваат краткотрајната меморија
Антоцијаните помагаат да се зголеми краткорочната меморија во голем процент, во рок од осум неделна поголема нивна конзумација. (The Journal of Agriculture and Food Chemistry)

3. Нискокалорични се и богати со растителни влакна
Една чаша јагоди содржи само 54 калории. Слободно уживајте во нив!

4. Добри се за намалување на тежината
Нитратните соединенија го подобруваат протокот на крв и кислород во нашето тело, што е одлично за губење на тежината.

5. Својства против стареење
Јагодите се богати со биотин (B7), кој помага за цврста коса и нокти. Тие, исто така, содржат и антиоксиданс - елагична киселина, која ги штити еластичните влакна во нашата кожа, со што ги намалува брчките. Покрај тоа, елагичната киселина, заштитува и од штетните зраци на сонцето.

6. Ги намалуваат воспаленијата
Јагодите го намалуваат крвното ниво на C-реактивен протеин (CRP), кој е сигнал на воспаление во телото. Во една студија, жените кои јаделе 16 или повеќе јагоди неделно имале за 14 проценти пониско ниво на CRP. (Harvard School of Public Health)

7. Помалку кардиоваскуларни болести
Флавоноидите - кои се одговорни за боја и вкус на јагодите - го намалат ризикот од срцеви заболувања.

8. За здрави коски
Јагодите содржат калиум, витамин К и магнезиум, кои се важни за здравјето на коските.

9. Спречуваат карцином на хранопроводот
Научни истражувања покажале дека лиофилизиран прав од јагоди може да помогне во спречување на рак на хранопроводот кај луѓето.

10. За здравјето на очите
Со јадење на три или повеќе порции на овошје како јагоди, може да се намали ризикот од макуларна дегенерација, состојба што резултира со губење на видот. (Аrchives of Ophthalmology)

ХРАНЛИВА ВРЕДНОСТ

Јагодите ни обезбедуваат широк спектар на фитокомпоненти, вклучувајќи и полифенолни антиоксиданси кои припаѓаат на следниве групи: флавоноиди, фенолни киселини, лигнани, танини и стилбени. Јагодите се одличен извор на витамин Ц (една чаша јагоди, содржи 130% од дневната препорачана доза на витамин Ц); одличен извор на минералот манган; многу добар извор на растителни влакна, јод, и фолна киселина; и добар извор на бакар, калиум, биотин, фосфор, магнезиум, витамин Б6, и омега-3 масни киселини (во форма на алфа-линоленска киселина).

ВНИМАВАЈТЕ КОГА КУПУВАТЕ ЈАГОДИ!

- Најубав вкус имаат свежите јагоди. Тие треба да бидат цврсти, дебели, со убава црвена боја, да ги имаат зелените ливчиња и да се чувствува убавиот мирис.
- Јагодите не дозреваат откако ќе се соберат, па изберете ги оние со убава боја, бидејќи зелените или жолтите ќе бидат кисели.
- Малите јагоди се послатки и имаат поубав вкус.
- Ако купување јагоди во пакет, проверете ги за да бидете сигурни дека не постојат знаци на мувла. Дури и ако на една јагода има мувла - не ги купувајте. Мувлите се поврзани со многу здравствени проблеми, а јагодите се склони за нивна појава бидејќи содржат голема количина на влага.

КАКО ДА ГИ ЧУВАТЕ ЈАГОДИТЕ

Најдобро е да се консумираат јагоди веднаш штом ќе се соберат или ќе се купат. Во фрижидер нема да се подобри нивниот квалитет, но може да им се задржи свежината извесно време.
- На собна температура може да се чуваат неколку часа. Антоцијаните, кои се одговорни за црвената боја на јагодите, се многу чувствителни на топлина. Ова е причината зошто јагодите потемнуваат на повисоки температури.
- Секогаш чувајте ги неизмиени! Треба да се чуваат покриени со фолија и во фрижидер, околу два дена максимум, бидејќи брзо ги губат хранливите материи.
- Мијте ги само пред да ги консумирате, бидејќи по миењето брзо се расипуваат. Кога ги миете, ставете ги во сито и исплакнете ги под млаз ладна вода. Не ги потопувајте во вода, бидејќи ќе ги загубат бојата и вкусот. Не им ги отстранувајте ливчињата пред да ги измиете.
- Ако сакате да замрзнете јагоди; измијте ги нежно, исушете ги и отстранете им ги ливчињата. Тогаш, ставете ги во најлонска кеса и замрзнете ги. Осигурајте се дека нема воздух во кесата. Во замрзнувач може да ги чувате во до шест месеци.

Image result for strawberries

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА

 

ЈАГОДА