Храна која треба да се јаде најмалку еднаш неделно
Кога сакаме да го зачуваме и подобриме нашето здравје, важно е да внимаваме и на храната која ја јадеме секој ден. Живееме во време кога на сите ни е битен надворешниот изглед, па многу луѓе се жртвуваат за да ја достигнат саканата тежина подложувајќи се на разни диети. Сепак, долгорочно гледано - најважно е здравјето! Затоа секогаш, дури и доколку следиме некаква диета, треба секојдневно да внесуваме здрава храна и да внимаваме одредени производи да ги внесуваме најмалку еднаш неделно.
Лосос. Доколку јадеме лосос најмалку еднаш неделно, со сигурност ќе ги внесеме потребните здрави масти. Лососот е одличен извор на омега-3 и омега-6 масни киселини, важни за здравјето на срцето и крвните садови.
Ореви. Ако со исхраната не внесувате доволно растителни влакна, ќе имате потешкотии со дигестијата. Тоа е непријатно чувство, што често води до опстипација. Со редовната конзумација на ореви, ќе го подобрите внесот на растителни влакна, а во исто време и со есенцијални масни киселини, кои тој ги содржи. Често внесувајте јаткасти плодови, но задолжително и неколку ореви еднаш неделно!
Овесни снегулки. Започнете го утрото со појадок, и најмалку еднаш неделно тоа нека бидат овесни снегулки со јогурт. Богати се со растителни влакна кои ја помагаат работата на дигестивниот систем. Исто така, содржат и бета-глукани кои ја минимизираат апсорпцијата на холестерол, а и добри се за зајакнување на имунитетот.
Боровинки. Боровинките треба да бидат присутни на Вашето неделно мени поради присуството на силни антиоксиданси. Нивната боја потекнува од антоцијанините, кои всушност имаат поволно дејство, а добро е тоа што активните состојки се релативно добро стабилни и при термичка обработка. Така, кога нема свежи боровинки, може да ги внесете и во друг вид (замрзнати, сокови, овошен јогурт). Битно, нека бидат застапени барем еднаш неделно!
Легуминози. Покрај јаткастите плодови, најмалку еднаш неделно треба да јадете и легуминози. Богати се со растителни протеини потребни за обнова и изградба на клетките во телото, како и со растителни влакна.
Овошје и зеленчук. Не еднаш неделно, туку секој ден треба да се конзумира разновидно овошје и зеленчук. Јасно е дека така ќе ја задоволите потребата на организмот за витамини и минерали.