метаболиам

Што е метаболизaм?

 

Еве што треба да знаете за врската помеѓу метаболизмот и телесната тежина - и како вежбањето и исхраната помагаат.

Често зборот "метаболизам" се поврзува  и со телесната тежина. Може да слушнете нешто како "Јас не можам да ја намалам телесната тежина, затоа што имам бавен метаболизам."

Има вистина во ова, но и други фактори - на пример колку јадете и вежбате - играат многу поголема улога во врска со Вашата тежина, отколку Вашиот метаболизам. Точно е и дека чистата мускулна маса влијае на тоа колку калории ќе согорувате во мирување, но таа мускулна маса мора да ја одржувате со континуирано вежбање.

 

Што е метаболизам

Во процесот на метаболизмот, нашето тело ја претвора храната што ја јадеме - во енергија која ни е потребна за живот и за функциите кои треба да ги извршуваме.

 

Што може да влијае врз метаболизмот

  • Некои лекови може да влијаат на Вашиот метаболизам – со забрзување или забавување.
  • Редовниот појадок може да го забрза Вашиот метаболизам.
  • Губењето на тежина - особено кога тоа е брзо, всушност го забавува метаболизмот бидејќи на Вашето тело му е потребна помалку енергија за да функционира со помала тежина. Значи, како што губите телесната тежина, треба да го намалувате внесот на калории или да ја зголемите физичката активност за да го продолжите намалувањето на тежината.
  • Возраста го забавува Вашиот метаболизам. Во принцип, со стареењето се зголемува застапеноста на масти, а се намалува мускулното ткиво. Обично луѓето стануваат и помалку активни. Затоа, можете да практикувате повеќе физичка активност за да го забрзате Вашиот побавен метаболизам.
  • Сонот влијае врз метаболизмот – недоволното спиење го забавува метаболизмот.

 За крај

Со здрава исхрана и редовна физичка активност, можете да му помогнете на вашиот метаболизам – и да ги зголемите шансите за успешно слабеење. Направете промена на енергетскиот биланс, или рамнотежата помеѓу она што го внесувате и она што го трошите.