Вода со лимон -

за здрав почеток на денот

лимон

Првото нешто што го правиме во утринските часови, обично одредува како ќе ни се одвива остатокот од денот. Најчесто, брзаме за на работа, не размислувајќи многу за нашето тело или за она што го правиме за него. Кога се будиме, нашите тела имаат потреба од хидратација за да се елиминираат токсините и за да се регенерираат нашите клетки. Препорачливо е секое утро да пиеме најмалку по една чаша вода. А, таа чаша вода која треба да се пие секое утро може да се направи поефикасна и полековита со додавање на малку лимон!

Лимонот содржи многу антиоксиданси и може природно да го зајакне имунолошкиот систем поради големата количина на витамин Ц, биофлавоноиди, лимонска киселина, калциум, магнезиум, пектин и лимонен.

Топлата вода со лимон го хидрира телото, а истовремено ја стабилизира pH вредноста, ја подобрува дигестијата и ја зголемува енергијата за остатокот на денот. Оваа комбинација делува како природен диуретик, а со тоа го ослободува нашето тело од вишокот на вода и токсини. Првата чаша вода наутро добро е да е топла – организмот побрзо ја искористува, бидејќи не е потребно време и енергија за нејзинино затоплување. Во таа топла вода, едноставно додадете половина исцеден лимон. И во водата која ја пиете во текот на денот, може да додавате по неколку капки лимон. Самиот вкус на лимон може да ве поттикне да пиете повеќе вода, што е дополнителна корист.

Можете и утринското кафе да го замените со топла вода со лимон, доколку не сте вистински зависници од кофеин.

Придобивки од пиењето на топла вода со лимон:

  1. Детоксикација на организмот и подобрување на функцијата на црниот дроб
  2. Почиста кожа и намалување на знаците на стареење
  3. Подобро расположение и постабилизирани емоции
  4. Баланс на природното pH ниво на организмот
  5. Природно ги чисти цревата и помага при опстипација (запек)
  6. Спречува инфекции на уринарниот тракт
  7. Го регулира метаболизмот
  8. Ја зголемува моќта на мозокот
  9. Го зајакнува имунолошкиот систем
  10. Спречува појава на камења во бубрезите
  11. Ги намалува главоболките
  12. Помага при мамурлак
  13. Ја задржува свежината на здивот
  14. Може да помогне при висока температура

   Значи, го зголемува целокупното здравје!

Сите сакаме да го подобриме нашето здравје, да се чувствуваме полни со енергија, да изгледаме помлади... Брз и едноставен начин за да си помогнеме во тоа, е со додавање на свеж лимон во топла вода наутро. Едноставно, нели?

Grüner Tee mit Zitrone