суперхрана

Што е СУПЕРХРАНА?

Суперхрана е таа што содржи високи концентрации на биоактивни материи кои се корисни за организмот на човекот. Најчесто тоа се високи дози на антиоксиданси, полифеноли, витамини и минерали, и тоа повеќе активни состојки во еден тип на храна. Тоа е многу важно, бидејќи со брзиот начин на живот, често немаме време да јадеме многу разновидна храна. Со користење на таква храна, се подобрува имунитетот, се спречуваат хронични болести и се подобрува квалитетот на животот.      

 

1. Киноа

Што е тоа?     

Kиноата е популарна од пред неколку години. Ова мало зрно има голема нутритивна вредност поради високата содржина на протеини (ги обезбедува сите девет есенцијални амино киселини, што го прави комплетен протеин), а исто така таа е без глутен и e безбеден избор за оние со глутенска нетолеранција.

images

Како можеме да ја јадеме?

Киноата може да ги замени оризот или јачменот, или пак да се додаде во јадењата со ориз. За приготвување, едноставно додадете 1 дел киноа на 2 дела вода и оставете да се вари 10-15 минути. Потоа, таа се користи по желба (во салата или едноставно како прилог со месо или риба).

2. Семе од коноп

Што е тоа?

Уште една голем вегетаријански извор на протеини, се овие "семиња", богати со омега-3 масни киселини, кои се одлични за здравјето на срцето, помагаат во намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол, ја подобруваат функцијата на мозокот и помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем (совршени се за време на сезони на настинки и грип). Богати се со магнезиум, калиум, железо и растителни влакна.

download

Како може да го јадеме?

Семките од коноп имаат блага, ореваста арома и вкус. Одлични се за во пудинг или јогурт, помешани во smoothie, помешани во овесна каша или во домашни супи.

 3. Чиа семе

Што е тоа?

Чиа семето било важен извор на храна за Ацтеките и Маите во тоа време.

Тие го ценеле поради способноста да обезбеди одржлива енергија ... всушност, "чиа" е збор на древните Маи и значи "сила".

И покрај античката историја, чиа семето неодамна стана признато како модерна суперхрана. Сега се консумира во цел свет, од страна на поборниците на здрава исхрана и здрав начин на живот.

Изобилува со многу хранливи материи: растителни влакна, протеини, калциум, магнезиум, манган, фосфор, калиум, цинк, витамини Б1, Б2 и Б3, а има ниска калориска вредност. Се препорачува во исхраната на спортисти, при редукциони диети (го намалува чувството на глад) и кај жени во менопауза за превенција од остеопороза (содржи калциум, магнезиум, фосфор и протеини).

download (1)

Како може да го јадеме?

Поради неутралниот вкус, чиа семето се вклопува во секаква храна (во салати, пецива, овошни десерти, со јогурт, млеко...). Многу популарен е пудингот од чиа семе, кој многу лесно се приготвува: се мешаат 1/4 чаша чиа семе, 1 чаша млеко и 2 лажици шеќер. Се става во сад по избор и се чува во фрижидер преку ноќ. Може да се додаде сè што сакате: цимет, ванила, чоколадо, суво овошје...

4. Гоџи бобинки

Што е тоа?

Иако тие се релативно нови на нашето здраво мени, гоџи бобинките се всушност античка суперхрана која се користела илјадници години од страна на кинеските лекари како медицинска храна за лекување на дијабетес, висок крвен притисок и друго. Богати со моќни антиоксиданси, бобинките се одлични и за вашата кожа: Не само што тие се богати со астаксантин - антиоксидант кој помага да се заштити кожата од оштетување од сончевите зраци, тие содржат и бета-каротен, кој го намалува воспалението и го поттикнува растот на нови клетки на кожата.

Goji-Berry-Benefits

 

Како може да ги јадеме?

Вкусот и текстурата им се слични на суво грозје, па така, добро се вклопуваат со јогурт и овесни снегулки, како и печени во колачи и леб. Исто така, и самите се убава ужина, или во комбинација со ореви и семиња.

5. Какао

Што е тоа?

Знаеме дека темното чоколадо е десерт кој е добар за срцето, а тајната која стои зад сите здравствени придобивки е какаото. Кардиоваскуларните бенефити доаѓаат од полифенолите и флавоноидите, антиоксиданси кои го помагаат намалувањето на крвниот притисок и холестеролот и го одржуваат стабилно нивото на шеќер во крвта. Исто така, какаото е богато и со магнезиум и железо. Дополнителен бонус: предизвикува ослободување на невротрансмитери кои го подобруваат расположението!

chocolate-food-sweets-10-768x1024

Како може да го јадеме?

Сите знаеме – чоколадо, какао со млеко, колачи, сладолед...

6. Кисела (ферментирана) зелка

Што е тоа?

Ферментираната храна е старо-нов тренд кој се препознава и брзо се шири кај љубителите на здрава храна. Процесот на природна ферментација настанува кога јаглехидратите од храната (од зелката) се претвораат во киселина. Спореден производ на ферментацијата е зголемувањето на пробиотици - здрави бактерии кои се потребни во нашиот дигестивен тракт за помагање во варењето на храната и за баланс на микрофлората, со што се зајакнува имуниот систем и се зајакнува организмот.

  • На пазарот, покрај нашата традиционална кисела (ферментирана) зелка, има и други ферментирани производи, како кимчи (ферментиран зеленчук со зачини), комбуха (ферментиран пијалок - чај) и др.

kisela-zelka-650x396

Како може да ја јадеме?

Салата од кисела зелка!